Од УХМР информираат дека во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот се очекува да преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, со засилен ветер од северен правец.






