„Законот за високо образование веќе е во крајна фаза, за релативно кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките кои беа изнесени се вметнати и ќе бидат дел од законот. Некои забелешки не се оправдани, на пример за отчетноста на факултетите“, рече денеска министерката за образование Весна Јаневска, пред конференцијата за финансиска писменот на учениците.
„Во однос на повлекување на законот, само мала група професори бараат повлекување, претпоставувам од страв дека нема да можат да ги сполнат законските барања. Тие имаат две можности, сериозно да се фатат за работа, а второто е да останат подолго време во едно звање, да почекаат да се потрудат и да одат на повисоко ниво“, додаде Јаневска.
Со промените во Законот за високо образование МОН се надева дека македонските универзитети конечно ќе се најдат на Шангајската листа, дека ќе се подобрат условите за студирање и ќе станат попривлечни за студентите.






