Зајкова вели дека е за поздрав тоа што со овој закон се регулира приватните снимки да не бидат злоупотребувани и родово-базираното насилство да се гони по службена должност, меѓутоа не се согласува под превозот на тие членови да се турка член како 353в, со кој што се брише одговорноста на органите на државната управа (министрите и директорите), се наведува во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално.
„Друго во членот 353, ајде што казните не се на ранг на коишто биле претходно и даваат можност за со условна осуда да се помине. Јас не знам за кои јавни набавки се направило кривично дело затоа што не бил објавен повик за јавна набавка? Значи најголемите малверзации се прават во техничките спецификации, во понудите… и сега ние сето тоа го тргаме и се правиме и кажуваме како ја заоструваме казнената политика. Не е точно“, посочува Зајкова и додава дека со тоа се бега од суштината.
„Целата дискусија се сведува на кворумот за да се избегне да се даде објаснување зошто 353 останува ваков. Иако ВМРО-ДПМНЕ од опозиција, односно нивниот претседател на партија, ги имам јас изјавите, најжестоко го критикуваше тоа и кажуваше дека ќе се вратат оние најмалку години на осуда“, вели Зајкова.
На прашање дали тоа се правело со Кривичниот законик за да се направат услови за да се врати поранешниот премиер Никола Груевски, претседателката Зајкова одговара дека не била дел од никакви групации или такви заговарања и не знаела дали било шпекулација и дали било вистина.
„Едноставно како правник навистина не ме интересираше тоа. Ме интересираше суштината на тоа што ќе го донесе Кривичниот законик. Бидејќи во тоа време ЛДП имаше доставено паралелно предлог непосредно пред да стигнат, за покачување на роковите за застареност, затоа што ги вадевме праксите од хрватскиот модел, каде што во самиот институт на застареност на релативната и апсолутната го креваат го креваат прагот, а ние не добивме ништо од тоа“, заклучува Зајкова.






