понеделник, 15 декември 2025

Зајкова: Koj ќе одговара за тоа што жичницата на Водно работела без дозвола?

Жицницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жицницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, изјави денеска Моника Зајкова од ЛДП.

Објавено на

часот

Сподели

„Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?!? Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врв на Водно со истата… морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи на секој од нас. Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, за конечно да сфатиме дека мораме да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

Секоја жицница мора да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред секоја сезона. Инспекциите мора да ги вршат независни тела (не само ЈСП или оној кој ги стопанисува), а извештаите да бидат јавни и достапни.

Зајкова бара да се воведат современи сензори за вибрации, опуштеност и странични движења кои автоматски го сопираат системот при ризик (како што е пракса во Австрија, Швајцарија и Германија). Овие современи технологии ги спречуваат катастрофите пред да се случат.

„Кривична одговорност за раководството во случај на исклучучени безбедносни уреди, дозволување или игнорирање на функционалните несигурности или работење без дозвола. Ние не сме статистика. Сме луѓе. И не мора да ја плаќаме цената со живот заради импровизации и неспособност“, заклучи Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ