По најавите за лидерска од ЛДП посочуваат дека истата има смисла, но не ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања кои директно го засегаат животот и стандардот на граѓаните, сепак единствена жена лидер не доби покана да седне на масата на лидерската средба.
„Иако Зајкова е дел од Парламентот и е единствената жена-лидер на партија во Македонија, организаторите на лидерската средба одлучија да поканат само претставници на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието. Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување мускули, туку да понудат решенија и одлуки кои ќе придонесат за подобра иднина на сите граѓани во државата“, истакнуваат од партијата.






