понеделник, 8 декември 2025
Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот

Зајкова во април предложи електронска нараквица за насилниците, ама 102 пратеници гласале против

На 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е! Ова го напиша на својот фејсбук-профил претседателката на Либерално -демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во реакцијата за грозоморното двојно убиство и самоубиство во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

Предлогот значеше дека покрај забраната за приближување, сторителот на себе треба да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри.

Предлог законот не се изгласа, односно на седницата доби подршка само од 12 пратеници/чки, додека 102 пратеника воопшто не се изјаснија, се вели во соопштението на ЛДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ