понеделник, 15 декември 2025

Заев не го видел приведениот пироман девет години, вели не бил негов возач

Александар Николов бешe вработен во Oпштина Струмица и никогаш мој шофер. Николов го немам видено откако заврши мојот градоначалнички мандат – вели за ТВ 24 експремиерот Зоран Заев откако ВМРО ДПМНЕ објави дека бил уапсен неговиот поранешен шофер како подметнува пожари.

Објавено на

часот

Сподели

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот, т.е. мој шофер беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, вели во писмен став за ТВ 24, Заев.

Синоќа полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода лицето А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираше пратеникот Лефков, Николов бил фатен при подметнување на пожар во близина на браната Водоча во Струмица. Според информирациите од СВР Струмица, во координација со Основното јавно обвинителство Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ