Кривичната пријава за настаните што се случи на 27 април 2017 година за упадот во Собранието беше поднесена во март 2018 година, a Русковска беше именувана за шефица на ОЈО ГОКК во октомври истата година.
Со истрагата беа опфатени 35 осомничени, а беше поднесено обвинение против 31 од нив. Одговараа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Од 31 обвинети 16 беа осудени на вкупна казна од 188 години затвор, 14 добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието во декември 2018 година. Судијката Добрила Кацарска за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, изрече само една ослободителна пресуда, на Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, кои беа против новото парламентарно мнозинство таа година, под водство на СДСМ.
Засега нема официјални реакции во јавноста дали ова признание на Русковска може да биде евентуално кривично дело.
На 23 ноември 2023 година Вилма Русковска беше разрешена од функцијата поради, како што беше јавно соопштено, незаконит претрес во просторите на Управата за финансиска полиција (УФП) летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми.
Русковска и тогаш спомена притисоци од страна на политичари меѓутоа не сакаше да прецизира за кој точно политичар станува збор.