недела, 13 април 2025

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18.00 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови на возила, соопштија денеска од Македонија пат.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ