недела, 13 април 2025

Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, соопшти АМСМ.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од АМСМ информираат дека забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15:25 часот.

По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион освен во повисоките населени места, од попладнево снег паѓа  и во Дебар.

Освен убавината што со себе ја носи, засега, снегот не создава проблем во нормалното одвивање на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

„На подрачјето што покрива нашата единица сообраќајот се одвива непречено но по влажни коловози, на кои не се задржува снег. Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак, поради влажниот коловоз, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација“, изјавија за МИА, од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на регионални и магистрални патишта.

Додаваат дека повеќе снег има на подрачјето кај Трница и Маврово, каде снегот се задржува и на коловозот.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин Блато или во должина од околу 120 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ