недела, 4 мај 2025

Забрана за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), соопшти АМСМ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 9 април (среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.

Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и од 4 април е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15 ноември 2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ