недела, 13 април 2025

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Струга – Ќафасан

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од Македонија пат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат, забраната се воведува од 19.30 часот.

Претходно поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, соопшти АМСМ.

Забрана за движење на тешки товарни возила од 17 часот има и патниот правец Охрид-Битола кај превојот Буково.

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови на возила, соопштија од Македонија пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ