сабота, 20 декември 2025

Забрана за сообраќај на камиони на патот Дебар – Маврово

Поради врнежи од снег, денеска од 6:50 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ