среда, 10 декември 2025

Забрана за риболов на Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки до 1 февруари

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае  до 31 јануари следната година. Се однесува за сите видови риба, на водните ресурси на подрачјето на паркот. Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони“, рече директорот на НП„Маврово“, Харис Ибраими.

Додаде дека новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.

„Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк Маврово“, посочи Ибраими.

Благодарение на грижата за заштита и збогатување на рибниот фонд, на бреговите на Мавровското Езеро и реката Радика, сè побројни се домашни спортски риболовци, како и од соседните земји, во летниот период, но посебно и за време на викендите и празнични денови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ