недела, 1 февруари 2026

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар

Од 19.30 часот вечерва воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки.

Објавено на

часот

Сподели

Од 19:40 часот се укинува забраната на сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Шипковица-Попова Шапка воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со  остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ