петок, 27 март 2026

Забрана со последици: малите бизниси под притисок, нелегалниот пазар во подем

Во време кога јавноста со право очекува ефективни политики за заштита од штетите од пушењето, предложените измени во законската регулатива отвораат сериозни дилеми за нивната реална ефикасност и економските последици. Особено, предлогот за целосна забрана на изложување на тутунските производи во малопродажба предизвикува загриженост кај дел од стручната и деловната јавност.

Објавено на

часот

Сподели

Од аспект на малите трговци во Северна Македонија, ваквата мерка носи значителни оперативни и финансиски предизвици. Малите семејни бизниси, кои се столб на локалната економија, ќе треба да инвестираат дополнителни ресурси за усогласување, без јасни докази дека тоа ќе доведе до намалување на побарувачката.

Воедно, важно е да се нагласи дека тутунските производи не се достапни за самопослужување — нивната продажба е строго контролирана од страна на продавачите. Во таа насока, ограничувањето на нивното изложување не го намалува пристапот, туку ја ограничува транспарентноста и информираноста на возрасните потрошувачи при донесување на одлуки.

Дополнителен предизвик претставува и веќе постоечкиот нелегален пазар, кој според проценки учествува со 13–14% од вкупната потрошувачка. Наместо негово намалување, постои ризик предложената мерка да создаде дополнителен простор за неусогласените канали, што би имало директно влијание и врз јавните приходи.

Од тие причини, дел од засегнатите страни сметаат дека фокусот на креаторите на политики треба да биде насочен кон мерки со докажан ефект — засилена контрола, доследно спроведување на постојната регулатива и таргетирани активности за спречување на нелегалната трговија и продажбата на малолетници.

Предлогот за забрана на изложување, според нив, треба внимателно да се преиспита, со цел да се обезбеди баланс помеѓу заштитата на јавното здравје и одржливоста на легалната економија.

Изјава од Кристијан Масторидис, сопственик на Master Inter:

„Како мал трговец, верувам дека предложените измени во законот за тутун ќе имаат сериозни економски последици врз нашата индустрија, особено забраната за изложување на тутунските производи. Без јасни докази дека потрошувачката ќе се намали, постои ризик дел од продажбата да се пренасочи кон нелегални текови, што ќе значи помали приходи и за државата и за нас. Во голем дел од соседните земји и во рамките на Европската Унија вакви ограничувања не се применуваат, па сметам дека е важно да се разгледаат поефикасни мерки. Легалните трговци ќе мораме да ги сносиме сите трошоци за усогласување со новите правила, додека нелегалните продавачи ги игнорираат, што создава нерамноправна конкуренција. Наместо забрана за изложување, јас би предложил акцент да се стави на засилена контрола и применување на постоечките закони, особено за спречување на нелегална трговија и продажба на малолетници.“

Изјава од Филип Алексоски, сопственик на Tobaco Liche:

„Гледам дека предложените измени во законот за тутун можат да предизвикаат големи тешкотии за малите трговци како мене. Забраната за изложување на тутунските производи може да ги ограничува правата на возрасните потрошувачи да добијат основни информации за производите и да направат информиран избор. Тутунските производи веќе се достапни само преку продавачот, па ваквата мерка повеќе ја намалува транспарентноста отколку пристапот. Имаме реален ризик дека со овие промени пазарот ќе се дестабилизира, а нелегалната трговија ќе се зголеми. Решението го гледам во поефикасната контрола и спроведување на постојните закони наместо целосна забрана за изложување.“

Изјава од Дејан Арсов, сопственик на Sade S:

„Јас лично сметам дека предложените измени во законот за тутун ќе предизвикаат големи предизвици за малите трговци. Забраната за изложување на тутунските производи ќе го зголеми оперативниот товар врз нас и може да ја поттикне нелегалната трговија, што директно го намалува нашиот приход и го нарушува пазарниот баланс. Важно е да се напомене дека производите веќе се издаваат само преку продавачот, па ограничувањето повеќе ја намалува транспарентноста отколку пристапот. Јас би предложил наместо нови забрани, само со засилена контрола согласно законите да се спречи продажба на малолетници и нелегална трговија, без да се создаваат непотребни економски последици за легалните трговци.“

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ