понеделник, 16 март 2026

За вториот круг од локалните избори до ДИК се поднесени 16 приговори

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Вреди за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 2.034, 2.033, 2.032, 2.035, 2.034, 2.033, 2.032, 2.035 во Брвеница. Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Јовица Илиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 4.374 гласа, додека Рамадани освои 4.224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачките места 2956, 2971/1, 2973, 2959/1, 2955, 2956/1, 2959, 2961/1, 2961, 2971 во Шуто Оризари. И Сојузот на Ромите има поднесено приговори за Шуто Оризари и тоа за гласачките места 2.966, 2.962 и 2.961. Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласови, а Ерџан Демир поддржа од Коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освои 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“ која го поддржуваше Стевчо Јакимовски за гласањето во Карпош поднела приговори за сумиорање и утврдување на резултатите за избирачките места 2.631 и 2.613. Во Карпош победи кандидатот поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски со 13.512 гласови, додека Јакимовски освои 12.378 гласови.

Според информациите од ДИК, седница за одлучување за приговорите најверојатно ќе се одржи утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ