сабота, 31 мај 2025
Едукативна средба

За врсничкото насилство од кампањата на Макпетрол ќе се разговара и во Гевгелија

Во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол вечер во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи работилница за родители кои ќе разговараат за врсничкото насилство (булингот). Освен граѓани од Гевгелија, на оваа едукативна средба можност за учество ќе имаат и заинтересираните од Валандово, Дојран и од Ново Село.

Објавено на

часот

Сподели

Психологот Деспина Стојановска ќе зборува за врсничкото насилство од стручен аспект, додека настанот ќе го модерира актерот Сашко Коцев.

Макпетрол досега организираше 13 работилници наменети за родители. За врсничкото насилство беше разговарано на средбите во општините Илинден, Бутел, Чучер-Сандево, Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Покрај тоа, работилници се одржаа и во Штип, каде учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

Главна цел на овие настани, како што се наведува, е да овозможат едукација за проблемот со булингот, додека родителите имаат прилика да разговараат со психологот, но и да ги споделат своите искуства по ова прашање. Учесници на овие работилници се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои најдиректно работат со учениците во случаи на врсничко насилство.

Во првата фаза од општествено одговорната кампања Макпетрол организираше работилници во повеќе од 150 основни училишта на кои учениците имаа можност од психологот да слушнат како да се справат со булингот, но и да споделат свои гледишта и искуства по ова прашање. Овие едукативни средби се одржаа во основните училишта од 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка и кои директно се вклучија со поддршка на кампањата.

Интернет-страницата kreniglas.mk е централна платформа на кампањата на Макпетрол.

Вебсајтот содржи едукативни материјали кои помагаат во препознавање и постапување во случаи на физичко, вербално, психичко, социјално и сајбер-насилство, кои се најчести форми на булинг.

Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, компанијата придонесува да се подобри ситуацијата со булингот во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ