петок, 16 јануари 2026

За Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление – Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Објавено на

часот

Сподели

На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.

„На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление – Водици“,- се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ