вторник, 23 декември 2025

За ВМРО-ДПМНЕ пресот на Филипче наликува на алиби на човек кој не може да ги одржи ветувањата

Филипче денес имаше изјава на која не знаеме што да одговориме освен дека наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. 

 

Објавено на

часот

Сподели

За изјавата на Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ води негативна кампања, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека таква кампања води токму СДСМ.

„Нашето потсетување на катастрофата на нивното владеење не е негативна кампања, туку сурова реалност која ја живеат сите граѓани. И ако мислат ќе заборавиме, а до пред една година беа на власт и направија масакр од државата со кражби и уништување на институциите и предавства, тогаш се излажале. Да дозволиме да ни глумат невини и нови ликови, со истите трикови како претходно кога ветуваа живот а сега ветуваат среќа, и кога очигледно се лицемерни и не се менуваат и сакаат да го излажат народот повторно, тоа нема да се случи. Нека си ги види Филипче фејсбук профилите и Тик ток кампањата на негови соработници и луѓе кои ги плаќаат, каде најбрутални лаги и гадости пишуваат и измислуваат, па после нека глуми мајка Тереза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За обвинувањата на Филипче дека МВР се злоупотребува за партиско-изборни цели, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека таквата изјава наликува на алиби „кое го договорил со својот ментор за да се задржи на функцијата“.

„Веќе видено и познато сценарио. И народот го знае тоа. И ќе ги казни повторно затоа што не само што не се менуваат, туку упорно го потценуваат и навредуваат сопствениот народ. За неговата состојба говори и фактот што човекот се плаши збор да каже за Заев, до толку е заложник и испреплетен во нивни взаемни интереси и бизниси. Тоа само по себе е индикатор за се. И аларм за народот дека треба да ги казни. Македонија ќе победи и ќе се одбрани од истите трикови на СДС, кои ја доведоа до тешка состојба од која се трудиме да ја извлечеме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ