понеделник, 15 декември 2025

За влез во Македонија, на Табановце се чека 30 минути

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ