„Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од 15-
тина минути бил во прекин системот на граничниот премин Евзони, по што проблемот бил надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика“, информираат од МВР.
Од МВР додаваат дека од македонска страна се преземаат сите мерки и во функција се
ставени сите човечки и технички капацитети за непречен проток на патници. Инаку, и од камерата на ЈП за државни патишта може да се забележи дека нема застој и излегувањето од државата тече нормално.






