петок, 11 јули 2025

За влез во државава на Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 20 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат вечерва од АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ