понеделник, 8 декември 2025

За викенд стабилно време, од вторник пак дождови

Утринските часови ќе донесат пониски температури и услови за појава на магла во одделни котлини, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени.

Во Скопје, наутро е можна слаба магла во делови од котлината. Преку ден ќе преовладува сончево и претежно тивко време со умерена висока облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 17 степени.

Во недела ќе продолжи стабилното, сончево и тивко време, со услови за утринска магла во одделни котлини.

Во понеделник, пак, се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Периодот ќе биде проследен со умерен до засилен јужен ветер, со појаки удари кои локално можат да надминат 60 km/h.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ