сабота, 31 мај 2025

За Велигден автобусите од ЈСП во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Објавено на

часот

Сподели

Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време.

Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.

Жичницата од петок (18.04.2025 год.) до недела (20.04.2025 год. ) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (21.04.2025 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

 

„Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови“, велат од ЈСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ