среда, 4 февруари 2026
Во Основниот суд во Тетово

За утре е закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора, за чија сообраќајка возачот не помина ни ден во затвор

Утре во 11,30 часот во Основниот суд во Тетово е закажано судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година, на 22 години, го загуби животот во сообраќајна несреќа. Судијата Елведин Ферати го одложи минатото рочиште и како што информираше, причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.

Објавено на

часот

Сподели

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ