Според обвинителството, на 1 март во семејниот дом, при вршење семејно насилство и во присуство на друго лице, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол кој го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот.
По настанот, осомничениот се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот.
Според наводите на обвинителството, на 5 март осомничениот повторно се заканувал со пиштолот на сопругата пред нивните две ќерки, со намера да ги вознемири и заплаши.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и врз текот на постапката, како и опасност да го доврши делото кое се обидел да го стори.






