На брифинг со новинарите Божиновска информираше дека ова произлегува од Законот за енергетска ефикасност и значи усогласување со ЕУ директивите.
„Од ноември 2025 до ноември 2028 ќе бидат опфатени 14 згради и 33 институции или вкупно 102.992 метри квадратни со над 5.000 вработени, а вредноста ќе изнесува 11,11 милиони евра. Секоја година мора да имаме три отсто реконструкција на јавните згаради. Вчера имавме генерален секретаријат на Влада, тоа помина. Се надевам наскоро ќе биде и на владина седница. Очекувам планот да се усвои на Влада до следната недела, следниот вторник. Предвидено е точно за кои јавни згради се работи и како, кога, колку треба да се енергетски ефикасни, потенцира министерката.
Божиновска потсети дека и во Македонија треба да се воведе ознаката на становите како во другите земји, која го покажува степенот на енергетска ефикаснот: А, Б, Ц, Д, Е. За ова, рече, Агенцијата за катастар ќе треба да го измени софтверот.






