„Ние сме заинтерсирани да се решат проблемите што ги имаме како институции, неуморно работиме секојдневно и тоа би било само губење време. Сметаме дека постојат институции што функционираат, дека не е моментот и не знам што би правеле на лидерска кога институциите беспрекорно работат и за здравјето на овие луѓе и за третманот, но и за да се најдат виновниците на овој случај, како и на останатите со оглед дека ова е четврти случај за пет години“, истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно на прес-конференција информираше за состојбата на хоспитализираните по трагедијата во Кичево.
Коалицијата Вреди вчера излезе со став, дека Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба.
Филипче завчера на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии.