Во просториите на библиотеката тој се информира одблиску за развојот, новините и предизвиците со кои се соочува оваа институција. Исто така оствари разговор со студенти, професори, автори и вработени во библиотеката, каде дискутираа за заедничката страст кон книгата и библиотеката. Во текот на дискусијата, Гаши ги сподели своите лични искуства и размислувања за значењето на книгата во општеството.
Претседателот на Собранието изрази подготвеност да понуди секаква можна поддршка за библиотеката, потенцирајќи ја улогата на оваа институција во обликувањето на поактивно и поразвиено општество.
Изразувајќи ја својата благодарност за топлиот пречек, Гаши симболично повторно се зачлени во библиотеката.