Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите кривично-правни предмети и посочи дека имаат сомнежи дека станува збор за организирана криминална група, чии припадници се и од земјата и од надвор.
„Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси, кои ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царината и Јавното обвинителство“, рече Тошковски.
Истакна дека државата ќе навлезе во суштината на предметот и оти ќе одговараат сите инволвирани.
„Ќе мораме да покажеме како држава дека во ваков огромен предмет, од секој аспект, од финансиски, кривично-правен, навистина ќе навлеземе во суштината на предметот. И нема да одговараат за кривично дело само „мулињата“, така Обвинителството и во рамките на правната теорија се ословуваат оние што се само транспортери на одредени нелегални стоки, туку навистина ќе одговараат оние што стојат зад целокупната таа организирана криминална банда. А за тоа ќе ни треба повеќе време“, изјави Тошковски.






