вторник, 10 февруари 2026
Лани на територија на цела држава

За само три месеци регистрирани се над 1.000 нови станови

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

– Во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 метри квадратни кој се наоѓа на територијата на административна општина Центар, покажува најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, односно во овој квартал се продадени 304 станови, додека, пак, најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој квартал се продадени 91 куќa. Што се однесува до продажбата на деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 31 деловнa просториja. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во општина Куманово со 110 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Ѓорче Петров со 43 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 194 гаражи, и тоа во поголем број општини.

Во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 9.283 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи).

Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 5.084 продажби, 1.094 продажби од инвеститор и 40 откупи од државата, како и 12 продажби на недвижности по пат на лицитација, односно вкупно 6.230 купопродажби на недвижности (вкупниот број на купопродажби е збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од државата), што претставува раст за 95 купопродажби во однос на третиот квартал од 2025 година.

Што се однесува до закупите, регистрирани се 3.053 закупи на целата територија на државава што претставува раст во однос на закупите од претходниот квартал и тоа за 869 закупи. Може да се забележи дека 55 проценти од трансакциите со недвижностите се однесуваат на продажби, додека 33 проценти од трансакциите се однесуваат на закупи на недвижен имот и заедно сочинуваат 88  проценти од вкупниот пазар со недвижности.

Споредбено по месеци од овој квартал, може да се забележи дека најголем број трансакции има во декември кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.274 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во ноември, и тоа 2.797, додека во октомври се регистрирани 3.212 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број продажби се регистрирани во декември, односно 1.863 продажби, а најмногу закупи – 1.106 се регистрирани во октомври. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и др.) се регистрирани во октомври, и тоа 416 продажби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ