среда, 14 јануари 2026

„За почиста Македонија“ достави петицијата за проширување на „Безбеден град“ со казни за фрлање отпад и отпушоци

1.000 потписи! Едно големо браво до сите! Преку 1.000 од вас ја поддржаа петицијата за унапредување на „Сејф Сити“ системот, објавија попладнево на својот фејсбук профил од невладината „За почиста Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Од иницијативата „За почиста Македонија“, денеска лично до Владата и Министерството за внатрешни работи доставија петицијата со која се предлага, во рамки на понатамошното развивање на системот „Безбеден град“, да се разгледа можноста за да се воведе функционалност за детекција и санкционирање на фрлање отпад од возила.

„Заедно сме погласни. Очекуваме да нè чујат и будно следиме за одговор“, соопштија од „За почиста Македонија“.

Тие претходно побараа од граѓаните да се потпишат, бидејќи, како што рекоа, прво е еколошкото загадување.

„Отпушоците се најчестиот вид отпад пронајден по улици, тротоари и покрај патишта. Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово, арсен и стотици хемикалии што ја загадуваат почвата и водата. Потребни се и до 10 години за целосно да се разградат, а микро-пластичните влакна од филтерот завршуваат во земјата и реките“, пишува во петицијата.

Понатаму, нагласија дека се работи за сериозна закана за јавната безбедност. Фрлен отпушок од автомобил, особено во движење, претставува реален ризик за предизвикување пожар.

„Во Македонија секоја година имаме огромен број на шумски пожари. Еден од потенцијалните причинители на пожарите е и фрлањето на отпушоци покрај патот.
Ова ја загрозува природата, животните, имотот и безбедноста на граѓаните“, пишува во петицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ