четврток, 11 декември 2025

За починато 16-годишно момче во сообраќајка се бара одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Сашко Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 – годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна, на 9 октомври им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

Сашко Јанчев

Објавено на

часот

Сподели

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „хјундаи тусон“ удрил во мопед „јијинг“ управуван од 16-годишниот малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди добил сопатникот на Јанчев.
Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи сѐ уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.

Тие изразуваат сомневање дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ