Додека се прикажуваа фотографиите и видео материјалите од куќата и дворот каде што е најдено телото на починатата Николова, обвинетиот Асанов коментираше дека „сѐ било шминка“.
На претходните рочиште сведочеа инспектор од СВР-Штип, како и роднини на починатата.
Според истрагата и наодите Николова последен пат е видена жива на 5 октомври 2025 година, кога излегла од домот на нејзината сестра. На 24 октомври е пријавена за исчезната, а на 10 ноември 2025 година од страна на полициски службеници по наредба на јавен обвинител во домот на обвинетиот Асанов пронајдени се траги од крв, по што обвинетиот признал дека во дворот на куќата го закопал телото.
Судскиот процес против обвинетиот Асанов продолжува на 8 април во 11 часот во Основниот суд во Штип, а судечки судија е Јулијана Недкова.
МИА






