среда, 31 декември 2025

За новогодишните и божиќните празници бесплатен паркинг во скопската општина Центар

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

На 1 јануари 2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари 2026 година (петок) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 6 и 7 јануари сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата  и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ