петок, 13 март 2026

За Нова година Скопје ќе биде украсено со 3Д мече, 13-метарска елка, декорации…

70 илјади евра ќе чини новогодишното украсување на булеварите и плоштадот Македонија на главниот град Скопје. Предвидено е купување 3Д мече високо четири метри, 13-метарска елка, „ѕвездено небо“, светлосни инсталации, декорации по главните булевари и празнична програма.

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е јавната набавка и изборот на економски оператор кој ќе го реализира овој проект.  Плоштадот ќе биде збогатен и со три светлечки подароци високи до 4 метри, метална рамка Дедо Мраз висока 5 метри, алуминиумски 3Д ѕвезди од 3 и 4 метри. „ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци на површина од најмалку 800 м²…

Со светлосни фигури, висечки елементи, снежни капки… ќе бидат украсени улиците „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „Филип Втори“, „Гоце Делчев“, пред Владата, „Партизански одреди“…

Градоначалникот на копје Орце Ѓорѓиевски вели дека во буџетот за 2025 година првично не биле испланирани средства затоа што поранешната градоначалничка Данела Арсовска не распишувала тендери за украсување.

„Сметам дека 70.000 евра не се премногу и дека Скопје заслужува убава и достоинствена прослава“, изјави Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ