понеделник, 15 декември 2025
Изјава на премиерот Мицкоски

За интерпелацијата на Коцевски, јавноста утре ќе знае дали ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кажа дека како политичка партија и тој како човек не ги менуваат ставовите преку ноќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ, одговори Мицкоски“, во изјава за медиуми по отворањето на базен во ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Инаку, интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, е ставена како точка на утрешната 64. собраниска седница.

Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина за ниската доверба во јавноста.

Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски е закажана за вторник, 29 јули. Коцевски писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмината пратеници на Левица, притоа обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што тој ја извршува.

Конкретно за трагедијата во „Пулс“, Коцевски тврди дека истрагата ги опфаќа сопствениците, обезбедувањето, одговорни лица во повеќе институции, па дури и високи полициски службеници.

„Јавното обвинителство во сите предмети, вклучително и во предметите оформени за одговорност по катастрофалната кочанска трагедија постапува исклучиво врз основа на доказите. Притоа осомничените не ги дели на членови на ВМРО, СДСМ, ДУИ, Левица, на Македонци, Албанци, Турци или Роми, на мажи или жени, ниту на кој било друг основ. Постапува спрема сите за кои се обезбедени докази. Постапува и против сопствениците и поврзаните лица со дискотеката, и против обезбедувањето, и против сите одговорни лица во неколку институции кои со своето постапување или непостапување овозможиле таа дискотека да работи толку години“, изјави неодамна Коцевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ