ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17 до 24 август со помош на специјалните возила пајак отстраниле 99 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на
часот





