вторник, 16 декември 2025

За еден месец за работите на коридорите 8 и 10д исплатени се скоро 11 милиони евра

Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д концорциумот Бехтел и Енка (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во мај  продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање на експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи и конструкции, се наведува во извештајот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Досега се исплатени над 312 милиони евра, согласно договорот склучен во март 2023 година, за кој првичните проекции се дека ќе чини 1,3 милијарди евра.

Објавено на

часот

Сподели

Во мај годинава, според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, имало една исплата од државата кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во износ од 681.026.665 денари (11 милони евра). Од почетокот на годинава имаше уште две исплати од  599.794.350 денари, на 22-ри април, и од 524.972.228 денари, на 30-ти април. Досега се исплатени над 312 милиони евра, согласно Договорот склучен во март 2023 година, за кој првичните проекции се дека ќе чини 1,3 милијарди евра.

Извештајот, објавен на веб страицата на Јавното претпријатие за државни патишта, покажува дека завршени се 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 72 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Според Извештајот, за делницата Тетово-Гостивар се реализирани 100 проценти од геотехничките истражувања, за Букојчани-Гостивар 73 проценти, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок  од 69 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар,  од 35 проценти за Букојчани-Гостивар, а 50 проценти за Прилеп-Битола. За делницата Требеништа Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Во активностите, изведувачот заклучно со мај годинава  ангажирал 1.929 лица и 1.119 градежни машини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ