понеделник, 8 декември 2025

За еден месец синдикалната кошничка поскапела за скоро 500 денари, објави ССМ

Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65.544 денари и во споредба со месец септември 2025 година, кога кошницата изнесуваше 65.077 денари, бележи зголемување од 467 денари. Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата изнесува 80.919 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

 

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на ССМ, најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи синдикалната минимална кошница за октомври 2025 изнесува 23.772 денари споредена со септември 2025 година (23.394 денари) е зголемена за 378 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ