понеделник, 14 јули 2025

За две недели Законот за судски совет треба да стигне во Собранието, најави министерот Филков

Министерството за правда денеска во текот на денот има онлајн состанок со Венецијанската комисија за Законот за судски совет кој име доставен на мислење, информира министерот за правда Игор Филков, нагласувајќи дека очекува овој закон да се најде во собраниска процедура до крајот на овој месец. Филков уште кажа дека Изборниот законик, кој е во групата реформски закони и кој треба да биде донесени до крајот на овој месец јуни, е подготвен и работната група во рамки на Министерството за правда ги вградило сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за правда Игор Филков, на денешниот брифинг со медиумите за законите од Реформската агенда, појасни дека мислењата од Венецијанската комисија ќе бидат детално разгледани и земени во предвид, иако не се од обврзувачки карактер.

Клучните новини на ова законско решение, како што беше посочено, се засноваат на насоките од Оценската мисија и тоа се уредува постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, се прецизираат условите кои треба да ги исполнат кандидатите за членови, особено на поимот „истакнат правник“, а прави и зајакнување на јавноста и транспарентноста на постапката за избор на не судските членови, како и зајакнување на легитимитетот на процесот на изборот на членови од редот на судиите.

Министерството за правда од ноември минатата година организираше повеќе стручни дебати за нацрт-измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет за консултирање на стручната јавност. Заклучоците и препораките од овие дебати потоа се основа за понатамошно подобрување на текстот и финалноо решение на измените и дополнувањата на Законот за Судски совет.

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура. Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако, од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.

„Министерството за правда, има помалку од 90 вработени, од 195 предвидени по систематизација. Ова е наследена состојба и сега правиме напори овие места да бидат повторно атрактивни“, вели Филков.

За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече дека е ова работа за која сите треба да бидат свесни и да не практицираат дневна политика на грбот на граѓаните, оти вели, ние тие закони, како Министерство за правда ги имаме изработено.

Во пакетот осум закони со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка – Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на ЈО.

Законот за Судски совет е подготвен и доставен на на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР.

Законот за судска служба е доставен во Владина процедура и се врши усогласување на текстот со мислењата на релевантните институции.

Финалниот текст на Законот за јавнообвинителска служба е подготвен од Работната група и во тек се подготвки за објавување на ЕНЕР.

Текстот на Изборниот законик е подготвен од стручните служби во Министерството за правда во согласност со препораките на ОДИХР.

Од законите со рок до декември 2025 година, текстот за Законот за кривична постапка е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.

Други закони на кои работи Министерството е и Законот за судови, кој се носи со 2/3 мнозинство, и за кој е формирана работна група која работи на законско решение.

Законот за прекршоци, како дел од проектот “Безбеден град”, е објавен на ЕНЕР и во тек е усогласување на текстот.

Законот за пробација е подготвен и е во финална фаза пред објава на ЕНЕР, а подготвен е и текстот на Законот за помилување, информираше министерот Филков.

Филков уште кажа дека Изборниот законик, кој е во групата реформски закони и кој треба да биде донесени до крајот на овој месец јуни, е подготвен и работната група во рамки на Министерството за правда ги вградило сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР.

„Тоа го имаме пратено до ОДИХР на мислење и чекаме одговор од нив. До тука можам да ви кажам дека се надевам дека ќе го фатиме крајниот рок од јуни и ќе видиме што ќе помине на гласање“, изјави Филков.

За тоа дали очекува законските измени за една изборна единица да бидат изгласани пред локалните избори, Филков рече, дека очекува да бидат, но да „видиме што ќе помине како финална верзија“.

Прашан за коментар на вчерашниот предлог поднесен од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Филков рече дека уште не го видел вчера поднесениот финален текст.

Во однос на прагот за поднесување на независни кандидатски листи, Филков рече дека имале неколку средби со низ во рамки на Министерството за правда и дека препораките се проследени понатаму.

„Во рамки на Министерството за правда досега имавме неколку консултации со ‘За мој Карпош’, ‘Зелен град’ и слично и ние препораките ги проследивме понатаму. Што ќе е во финалната верзија не знам, ќе треба да видам, и потоа ќе искоментирам“, изјави Филков.

Прашан за носењето на законите за кои е потребен Бадентерово мнозинство, Филков рече дека тоа не е само прашање за Министерството за правда и изрази надеж дека политичките партии ќе бидат свесни дека со кочењето прават штета на еден серозен процес.

„Прашањето за Бадентер не се однесува само за Министерството за правда и јас се надевам дека сите политички партии кои се активни чинители на општествениот живот во Македонија се свесни дека не смеат да ги кочат законите кои што се носат во интерес на граѓаните и ќе бидат свесни дека со тоа прават штета на еден сериозен процес“, изјави Филков.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ