Два „мерцедеса“ се одземени откако полицијата утврдија дека со фломастер се сменети регистарските таблички за да се избегне одговорноста по евентуалните регистрирани прекршоци од камерите на „Безбеден град“.

Од МВР потсетуваат дека целта на системот „Безбеден град“ е да се намали бројот на жртви и повредени во сообраќајот, но и сообраќајните прекршоци кои во минатото го
доведуваа во опасност животот на учесниците во сообраќајот.
Од МВР додаваат дека бројот на локации каде ќе бидат поставени камерите ќе биде соодветен на потребите, а целта е да се покријат т.н. „црни точки“ каде што статистички се случуваат најмногу сообраќајни незгоди. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршување на техничкото планирање, но целта е целосна и ефикасна покриеност на критичните зони.






