среда, 28 мај 2025

За две и пол години до Охрид и Струга ќе се вози по автопат по сите прописи, тврди Николоски

Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денес имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен околу пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово – Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што е огромен прогрес, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово – Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна Николоски, за две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава.

„Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Ова, десно од нас, сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава. Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување“, нагласи Николоски на почетокот на градежните работи.

Според него, тајната е многу едноставна, а се вика работа и поддршка.

Николоски изрази благодарност за поддршката и соработката до премиерот, Јавното претрпијатие за државни патишта, до својот тим во Министерството за транспорт, како и до цела Владата. Информира и дека следниот работен состанок со тимот на „Бехтел и Енка“ со кои се среќава на неделно ниво, ќе биде во вторник. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ