понеделник, 8 декември 2025

За ДУИ снимките за Дехари се производ на политичкото подземје

Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат и да ги дискредитираат нивните политички претставници, реагира ДУИ по објавените скандалозни аудио снимки поврзани со актуелниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова сценарио добро го познаваме: кога не можат да се соочат со идеи, кога немаат проект, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат ‘факти’ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето. Кичево нема да падне во оваа замка. Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Оттаму порачуваат дека суштински е пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот.

„Само по јасна и веродостојна оценка од надлежните институции или експерти може одговорно да се зборува за неговата содржина. Секој коментар или дискусија без таква потврда би била шпекулативна и потенцијално штетна, како за засегнатите лица, така и за јавниот интерес“, се додава во реакцијата од ДУИ.

На социјалните мрежи продолжуваат да се објавуваат аудио снимки поврзани со Фатмир Дехари. Се споменуваат имињата на Ардита Дани, за која се слуша дека таа „си пишува“ со Крешник Бектеши; наводно Дехари ја пцуе и навредува фамилијата на Дани и дека Даши Дани, преку својата агенција пере дел од парите на Крешник Бектеши; се споменуваат имињата на сопственикот на фирмата „Линди“, Сабит, Бурим Кадриу; на некоја „курва од Зајас“, која по професија е адвокатка и работи во кампањата за Дехари; кога Дехари наводно зборува се слушаат зборовите „лоша жена, психопатка“, многу пцовки; дел од наводните дијалози на Дехари – дојди ѕвездо, да ти го јадам срцето, дојди право прегрни ме…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ