Како што пишува овој економски портал, податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.
Оттаму информираа дека во овој период има зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).






