вторник, 10 јуни 2025

За да бидат унапредени, обвинителите не мора да биле членови на Советот на јавни обвинители, пресече Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, кои предвидуваа можност во унапредување на обвинителите во кариерата да се цени како позитивна обвинителска дејност и работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Кадиру, кој е судија известител по предметот, посочи дека во конкретниот случај сметал дека станува збор за појак интензитет на повреда на Уставот и законот и предлагал поништувачка одлука, но со мнозинство гласови се донело одлука актот само да се укине, со дејство само за во иднина, без поништувачко дејство на досегашните одлуки.

„Во законот се подвлечени јасно кои услови треба да ги исполнуваат обвинителите кога бараат нивно унапредување. На тој начин и со тие одредби Советот на ЈО засебе востпоставил право, членовите обвинители додека работат во Советот да ги третираат како обвинители, а тие не се обвинители, а нивното работење во Советот да се третира како обвинителска дејност, што е апсурд. Ваквите одредни се во директна спротовност со Законот за јавното обвинителство и се разбира со самиот Устав, како највисок правен акт“, изјави Кадриу.

Судот, посочи Кадриу, имал едногласно мислење дека со овој акт и со вградување на овие две одредби – работата на членовите на Советот на ЈО да биде ценета како обвинителска дејност, а нивниот статус членови на Советот како обвинители, станува збор за „груба повреда на Уставот и на законот“.

„Таквите услови да се вградат и да се предвидува и привилегија за членовите на Советот на ЈО претставува и дискриминација кон другите колеги обвинители, кои работат и се ценат нивните резултати и работење и претставува услов за нивно унапредување“, истакна Кадриу.

Уставниот суд на 19 февруари годинава донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, по поднесе иницијатива од јавната обвинителка Ленче Ристоска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ