петок, 30 мај 2025

За Беса проблемите во Вреди не се проблем за Владата, за ЗНАМ нема место за оние кои соработуваат со ДУИ

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините. Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата Вреди на локалните избори за градоначалници. За ЗНАМ нема место за оние кои соработуваат со ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција „Вреди“ одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција“, изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.

Според него, владиното мнозинство може и да се зголеми.

„Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо“, одговори Касами на денешните новинарски прашања за политичките теми по настан од општината.

За ЗНАМ нема место за оние кои соработуваат со ДУИ.

Секој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ За движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ова движење, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов.

Коментирајќи ги случувањата во коалицијата ВРЕДИ кои се дел од владината коалиција заедно со ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ, Мемов рече дека превирањата во албанскиот партнер не се закана за владејачкото мнозинство и оти во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои.

„Владата е стабилна,  со самиот став ЗНАМ и коалицијата ВМРО ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата ВРЕДИ кои ја поддржуваат Владата“, рече Мемов на денешната прес-конференција.

Партијата синоќа одржала седница на Извршниот одбор на која ја разгледувала актуелната политичка ситуација во земјата и случувањата во владиниот партнер коалицијата Вреди за што велат дека се нивно внатрешно прашање.

Еден од усвоените заклучоци што го изнесе портпаролот на денешната прес-конференција е дека за Движењето ЗНАМ За наша Македонија не е прифатлива соработка со поранешни актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои имаа индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Репулбика Македонија.

Мемов на новинарски прашања дали ќе побараат оставка или разрешување на министерот за здравство Арбен Таравари, кој како дел од АА беше коалицијата Вреди, не даде конкретен одговор, туку упати на премиерот Христијан Мицкоски.

„За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ За наша Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Владата господинот Христијан Мицкоски“, рече Мемов.

Мемов исто така посочи дека разговорите и комункацијата како партнери во Владата е континуирана и оти таа не престанала никогаш. Според Мемов сите отворени прашања се дискутираа во рамките на владиното партнерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ