Новата книга на Димитров е продолжение на „Република Македонија меѓу Југославија и национализмот“, објавена во 2011 година.
БГНЕС пишува дека новото истражување фрла светлина врз српско-југословенските планови за Македонија, причините за одбивањето на политичката елита во Скопје искрено да ѝ се приближи на Бугарија и нејзината папочна врвца со Белград и Москва.
„Зошто мораше да се напише оваа книга? Затоа што допира прашања со пулсирачко историско значење и директно влијание врз можноста за вистинска, добра и заедничка иднина меѓу двете соседни земји. Република Македонија не е во состојба да избега од југословенската орбита во која се креираше државната политика. Идеологијата на македонизмот е идеолошката оска на сите влади кои сносат одговорност за иднината на оваа држава (Република Македонија). Ни треба искрена, пријателска иднина меѓу двете земји“, изјави Димитров.
Според него, македонскиот идентитет е производ на Белград и Москва, на старата српска доктрина на Стојан Новаковиќ и нејзината последователна модификација од страна на Коминтерната.
„Помирувањето е можно ако се постигне историска, социјална и политичка катарза. Се надевам дека луѓето не го изгубиле чувството за блискост со Бугарија“, додаде историчарот.