петок, 19 декември 2025
Статистика

За 3,8% намален е бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 %. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 %, Капитални производи за  7,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ